Шмигал ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми.

-Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.

„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -