Култната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје е реновирана и подготвена за нови дружби и градски забави, соопштија Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.
Школката, освен што „светна“ во нова бела боја, доби и рефлектори, саниран е и бетонскиот дел од објектот, а со мермерни плочи се поплочени и скалите и подиумот. За обновата на Школката Град Скопје одвои 200.000 денари, потсетува „Плусинфо“.