Шкода претставува екстремна Октавиа во Женева

Набилданата верзија на новата Octavia ќе блесне на претстојниот салон во Женева. Специјалниот модел го носи името Octavia RS 230 и ќе биде достапен на пазарот од почетокот на месец јуни.

Како што кажува самото име, новата Octavia RS 230 располага со моќност од 230 КЅ, или со 10 КЅ повеќе од бензинската Octavia RS. Благодарение на доработениот 2,0-литарски турбо-мотор специјалната Octavia забрзува од место до 100 km/h за 0,1 секунда побрзо од стандардниот RS – за 6,7 сек. Максималната брзина е зголемена минимално до 250 km/h.

Основна новина во моделот, како и во целиот спектар на Škoda, е предложениот сериски преден диференцијал со електронска блокада XDS+. Тој овозможува подобро однесување на автомобилот, особено при свиоците. Најбрзата Octavia добила исто дополнителни елементи од карбон, уникатни фелни и спортски ентериер.

Информации за цените на Octavia RS 230 ќе бидат доставени во Женева. Продажбата на моделот стартуваат во почетокот на јуни.

- Реклама -