Израелската разузнавачка служба Шин Бет ги идентификуваше тројцата убиени терористи, кои нападнаа контролен пункт на Западниот Брег, јужно од Ерусалим.
Шест лица се ранети во нападот, соопшти Шин Бет и додаде дека се тројцата членови на Хамас потекнувале од Хеброн, јави „Тајмс оф Израел“.
Двајца од тројцата убиени се идентификувани како Абед ел-Кадер Кавасме (26), син на Абдалах Кавасме, шефот на военото крило на Хамас во Хеброн, кој беше убиен во 2003 година, и Хасан Мамун Кафиша (28), член на Хамас, чиј вујко бил член на Хамас и протеран во Турција во 2011 година.
Шин Бет соопшти дека сè уште не ја завршиле идентификацијата на третиот терорист, но палестинските медиуми го идентификуваа како Насер Кавасме.
Прочитајте и: САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
МИА