Шилегов: Ова е новата внатрешност на Универзалната сала, чекор по чекор ги решаваме децениските проблеми на Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сѐ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот.

Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните“, објави на Фесјбук градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов.

Еден од тие децениски проблеми е Универзалната сала и веќе се решава, посочи Шилегов, претставувајќи ја новата внатрешност на објектот.

„Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала! Скопје, една поинаква приказна! #Скопје #ЧекорПоЧекор“, порача првиот човек на Град Скопје.

- Реклама -