По бурата од реакции што ја предизвика неговата објава во која СДСМ ја нарече „заробена партија“ со октроирани лидери од јужните краишта кои всушност, според него, се тезгароши, Петре Шилегов повторно се огласи на Фејсбук за да објасни зошто напишал таков статус.
Во новата објава, тој сугерира дека „нешто не е во ред“ во СДСМ, а молкот, во таква ситуација, е соучешништво.
„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник … Ете затоа“, напиша Шилегов.