Шилегов до „хејтерите“: Вие хејтајте, ама јас поминав 65 километри на тротинет

Деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов е актуелен на друштвените мрежи бидејќи во неколку наврати се „пофали“ како оди на работа и работни состаноци со својот електричен тротинет.

Се разбира, има поддржувачи, но има и сеирџии. Главно го обвинуваат дека само позира и дека штом ќе ги нема камерите пак ќе оди со кола на работа. Други го прашуваат колку ги плаќа фоторепортерите.

Но тоа не го обесхрабри Шилегов. Вчера тој објави нова тура фотографии, овојпат селфиња, испраќајќи порака до „хејтерите“.

„За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома …

И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака.

Сакајте го Скопје …“, порача Шилегов.

- Реклама -