Chevrolet објави дека проектот One World Futbol ја достигна границата од милион донирани фудбалски топки. Јубилејната топка била доставена на основното училиште за девојки Mabu-a-tlou во градот Хаманскрал, во Јужна Африка, а за време на настанот бил откриен и спортски комплекс.
– За Chevrolet не е важна толку самата топка, туку она што таа го симболизира и што ни овозможува да направиме, коментира Тим Махони, маркетинг директор на Chevrolet. – Донирањето на едномилионитата топка е исклучителен успех во нашиот потфат да им помогнеме на децата да сфатат дека преку играта сè е можно.
Работата на проектот One World Futbol, во која Chevrolet е главен партнер, се концентрира на обезбедување на можности за играње на фудбал за децата и младите во сиромашните региони на светот со помош на револуционерна, практично неуништива фудбалска топка која нема потреба од пумпање. Поддршката од страна на автомобилската марка вклучува донација на 1,5 милиони фудбалски топки по проектот One World Futbol на организации кои работат со адолесценти во региони со воени дејствија, во бегалските кампови, во подложени на природни катастрофи области и со други општествени групи, поставени од околностите во нерамноправна положба.
До моментот топки One World Futbol на Chevrolet се доставени во повеќе од 60 држави и даваат можност за забава на над 26 милиони деца и адолесценти во Африка, Азија, Европа и Америка.