Шест луѓе загинаа, 40 повредени во разурнувачко торнадо (Видео)

Повеќе силни торнада го зафатија централниот дел од САД, уништувајќи куќи и возила. Би-Би-Си јави дека шест лица го загубиле животот.Околку 40 луѓе се повредени, а се стравува дека бројата може да биде уште поголема.

Одреден број луѓе би можеле да бидат заробени во зградите кои се слушиле од торнадото. Според прогнозите 53 милиони луѓе, би можело да бидат загрозени поради неверемиња.

Извештаите говорат дека на некои места паѓа град со големина на тениски точиња, а голена штета е причинета во градот Вашингтон во Илиноис.

Торнадото се појавило како последица на олуја во Бон Геп и Милер, градови во Илиноис, како и во Маунт Кармел во Индијана, пренесува Ројтерс.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Два главни аеродроми на кратко го стопирале сообраќајот, поради невремето.

Градот Вашингтон со околу 15.000 луѓе во Илиноис, е оддалечен 233 километри југозападно до Чикаго и е најтешко погоден, како што е официјално наведено од „големото и искучително опасно торнадо“. Само таму се повредени 31 лица, а многу куќи се уништени до темел.

[youtube]http://youtu.be/foimkcmaSsA[/youtube]

 

- Реклама -