Шекил О’Нил во ринг?

Шек Харизматичниот кошаркар, рапер, актер, забавувач и што уште не, веќе има нов сон. По завршувањето на кошаркарската кариера, сака да си ги испроба силите со професионалните борачи во лигата на мешани боречки вештини.


Шекил О’НилХаризматичниот кошаркар, рапер, актер, забавувач и што уште не, веќе
има нов сон. По завршувањето на кошаркарската кариера, сака да си ги
испроба силите со професионалните борачи во лигата на мешани боречки
вештини.

Веќе 10 години наназад, во меѓусезоните, Шекил О’Нил тренира мешани боречки вештини со професионалниот тренер Џонатан Бурк, во Орландо.

Човекот заразен со Твитер висок 218 и тежи 147 килограми, кој во теретана и натаму е познат по својот стар прекар – Дизел; како дел од својот боречки тренинг, вежба бокс, џиу-џицу, мај-тај и борење. Бурк за него вели дека има повеќе талент одошто луѓето мислат, а како најсилна страна ја издвојува неговата дисциплинираност. Шек очигледно никогаш не пререкол ништо, без разлика колку тежок и да бил тренингот или пак колку пати требало да се повтори.

Специјалноста на овој џиновски борач се ударите со колено и зафатите на давење одзади. Единствената причина поради која тој никогаш не влегол во рингот за официјален меч е тоа што кошаркарскиот договор му забранува изложување на непотребни ризици. Но, со оглед на тоа што договорот наскоро истекува, се бројат деновите до првата борба.

- Реклама -