Шекил О’Нил продал палата со површина од 362 квадратни метри за 10 долари. Ова го покажуваат официјалните документи, со кои се здобил сајтот Tmz.com.
Палатата се наоѓа во близина на Орландо, Флорида. Купувачот е маж, со име Ив Пол Десмесмин. За него се знае само дека е бизнисмен од Хаити.
Домот има 5 спални и 4 купатила, а трансакцијата е потпишана во Калифорнија на 6 март оваа година.
О’Нил ја купи куќата во 2012 година за 235 000 долари и потоа вложи уште средства за нејзината поправка.
Сепак, не е јасно какви се мотивите на О’Нил за оваа чудна трансакција.