8.
Eден генерал-полковник бил на рапорт кај Сталин. Врховниот командант изгледал задоволен од извештајот – двапати кимнал одобрувачки, но кога завршил со извештајот, генерал-полковникот се подзакашлал.
– Сакате уште нешто да ми кажете? – се досетил Сталин.
– Да, имам лична молба. Во Германија си најдов некои интересни за мене предмети, но на контролниот пункт ги задржаа. Ве молам, ако е возможно, да ми ги вратат.
– Може. Напишете молба и јас ќе ја потпишам – одговорил Сталин.
Генерал-полковникот, извадил веќе подготвена молба и му ја дал на врховниот командант, овој се потпишал и молителот тргнал да си оди, задоволно заблагодарувајќи му се.
– Нема потреба да ми се заблагодарувате! – викнал Сталин.
Дури тогаш генерал-полковникот го прочитал напишаното: „Вратете му ги предметите на полковникот. Ј. Сталин“. Се вратил во кабинетот:
– Има грешка, другар Сталин, јас не сум полковник, туку генерал-полковник.
– Сé е правилно, другар полковник – отсечно му одговорил тој.