Шегите на пресмешниот Сталин

7.

Во политбирото разгледувале кандидатури за министер за рударство. Бил предложен директорот на еден од рудниците – некој си Засјадко. Некој се побунил:

– Тој претерано пие алкохол!
– Поканете го кај мене – наредил Сталин.

Дошол Засјадко, а Сталин почнал разговор и му понудил нешто да се напијат.

„Со задоволство!“ – одговорил гостинот, сипувајќи чаша водка.

– За ваше здравје, другару Сталин! – наздравил и ја испил чашата на екс.

Сталин се напил една мала голтка, а разговорот продолжил. По некое време, Сталин предложил да пијат по уште една. Се случило истото. Кога Сталин понудил алкохол и по трет пат, Засјадко рекол:

– Не благодарам, другар Сталин, Засјадко си ја знае мерката.

Оттогаш и во текот на многу години подоцна, Засјадко бил човекот на чело на министерството за рударство.

- Реклама -