5.
За време на војната, војските под команда на генерал Баграмјан стигнале до Балтикот. За да го претстави постигнувањето на посвечен начин, ерменскиот генерал лично наполнил едно шише вода од Балтичкото Море и му заповедал на својот шеф на војската да одлета со шишето во Москва кај Сталин, за да се пофали. Додека тој летал кон Москва, Германците влегле во контра-офанзива и ја истиснале армијата на Баграмјан од балтичкото крајбрежје. Во Москва веќе знаеле за тоа, ама адјутантот на генералот немал радио во авионот и немал појма за новостите. И така, гордиот пратеник влегол во кабинетот на Сталин и прогласил:
– Другар Сталин, генералот Баграмјан ви испраќа вода од Балтикот!
Сталин го земал шишето, го разгледал на неколку секунди, му го вратил на пратениот и мртов-ладен му рекол:
– Врати му го на Баграмјан и кажи му да го истури таму каде што го наполнил.