Шегите на пресмешниот Сталин

3.

Шетале Сталин и првиот секретар на грузискиот Централен комитет – Акаиј Иванович Мгеладзе, по патеките на кунцевската вила на Сталин, а домаќинот постојано кинел од лимоните што сам ги одгледал:

– Пробајте, низ цела Москва ги има.

И така неколку пати меѓу разговорите на сосема други теми:

– Пробајте, де, многу се убави лимоните!

Конечно гостинот запрел:

– Другар Сталин, ветувам дека во следниве 7 години Грузија ќе обезбеди доволно лимони за целата земја и нема веќе да ги увезуваме од странство.

– Фала богу, се досетивте! – воздивнал Сталин со олеснување.

- Реклама -