Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, утре ќе престојува во посета на земјава.
Бербок во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со нејзиниот колега – министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот.
Како што соопшти Германското Министерство за надворешни работи, главниот фокус во разговорите ќе биде пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени, како „неопходен чекор“ кон Унијата.
По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.
Извор: МИА