Шансите да не удри астероид се 10 пати поголеми отколку што мислевме, а еден е на пат кон Земјата

Без паника, но „потенцијално хазарден“ астероид ќе помине многу блиску до Земјата.

Се проценува дека Астероидот 2000ЕМ26 има дијаметар од 3 фудбалски игралишта (270 метри) и се наближува кон Земјата со 12.37 км/с. Се очекува да помине во понеделник навечер, на 17-ти февруари. Телескопскиот сервис Slooh ќе го пренесува настанот преку доленаведениот лајв-стрим, воден од астрономот Боб Берман, техничкиот директор Пол Кокс и Д-р. Марк Бослоу, кој ќе одговара прашања на Твитер, под хаштагот #asteroid.

Астероидот е прилично способен за деструкција, и покрај тоа што не е голем како оној кој ги збришал диносаурусите. Еве еден дијаграм за споредба, во која е вклучен и астеродиот што падна лани, на 15ти февруари, во Челјабинск, Русија, чиј дијаметар беше 20 метри имаше 20-30 пати повеќе моќ од атомската бомба фрлена врз Хирошима.

asteroid-threat-0214-de[1]

Инаку, според најновите сознанија на Питер Браун, од Универзитетот на Западен Онтарио, шансите да не погоди астероид се поголеми отколку што покажуваат претходните калкулации. Својот заклучок, Браун го темели врз анализа на датата околу ударите на астероиди, собирана преку 20 години, вклучувајќи го и ланскиот во Русија. Се чини дека шансите да не погоди астероид од размер на оној што ги уништил диносаурусите се еднаш во 100 милиони години, но удари од помали, а сепак опасни, може да се случат на секои ~36 години.

- Реклама -