Шампионката во скијање поради напад од кучиња завршила во болница

Олимписката шампионка во скијање Линдзи Вон, заврши во болница поради повреда на раката. 

Имено, Линзи сакала да ги раздвои нејзините кучиња додека се бореле околу фризбито. Таа била неспретна околу раздвојувањето и затоа настрадала.

Линзи на Twitter напиша: „Се работи за тоа дека моите кучиња крвнички се бореа поради фризбито и пробувајќи да ги раздвојам, тие ме гризнаа. Забавен викенд“.

 

- Реклама -