Шаќири: Очекуваме поддршка од ДУИ за Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието

Пред конститутивната седница на Собранието, Ријад Шаќири од Коалицијата „Вреди“ изјави дека очекуваат поддршка од ДУИ за Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието.

– Природата на нештата покажа дека опозицијата секогаш гласала против изборите на мнозинството. Но, во случајов, кога ние како Алијанса бевме дел од Собранието, кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, ние дадовме поддршка, затоа што се работеше за претседател на Собрание, прв пат Албанец, и очекуваме од нивна страна да има таква поддршка, рече тој.

Претходно, во Собранието влезе Елми Азири од Европски фронт, кој не одговори дали ќе го поддржат Гаши.

– Сега ќе се сретнеме со пратеничката група и ќе заземеме став, рече тој.

Прочитајте и:  ДУИ: Моноетничката Влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Во Собранието почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

Во тек е седницата на Верификациската комисија коај ќе го разгледува извештајот на Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

- Реклама -