Статии се краделе и ќе се крадат, но сепак, мора да се има малку „усул“. Ај што ја мазнале статијава (Дваесетина докази дека Јапонците се експерти за кул изуми) со најпацерски копи-пејст момент, без око да им трепне, туку заборавиле и хиперлинков да го тргнат.
Да се разбереме, не се само Либертас, они некако сега ни се наместија на пенал …
PS. Фала ви, Либертас, што бар на крај сте пишале 365. Ама не е доволно. Не се прави така, и вие тоа добро го знаете.
PPS. Прочитајте ја нашата статија за шахтите во продолжение:
Шахтите на Јапонија се закон
Постојат многу начини на кои властите и уметниците можат заеднички да ги декорираат градовите, но во Јапонија имаат едно мошне неочекувано, а креативно и прекрасно решение – декорирање на шахтите.
Датира уште од 1980-тите, кога Јапонија почна да ја модернизира канализациската инфраструктура во руралните области. Тоа значеше градење на подземна канализација со надземни отвори за пристап (шахти), како на Западот; а шахти како шахти, беа исти како и во сите други земји. Тоа беше голем важен, голем и скап проект, но наиде на отпор кај локалните жители. Така беше сé додека еден од бирократите не се досети на вака естетско и инспиративно решение – да им се даде можност на градовите да ги декорираат своите шахти со локални мотиви.
Оттогаш секоја општина се гордее на своите дизајни на шахтите, а целата работа достигна степен на една убава локална „војна“. На шахтите ќе сретнете мотиви од општински симболи и локални пејзажи, па до апстрактни дизајни или илустрации на локални легенди. Феноменот си доби и книга – Drainspotting, на Ремо Камерота.
Ова се фотографии од S. Morita. На неговиот Flickr профил ќе најдете многу повеќе.