Сезона на калинки

Раната есен е сезона на слаткикте црвени зрнца, што срдечно се порачуваат да се консумираат од бројни причини.

Една од нив според истражувањата е тоа што пиењето сок од калинка по една чаша на ден во текот на две недели доведува до значително зголемување на нивото на тестостерон, а како резултат на тоа желбата за секс е се поголема.

Ова важи за двата пола, и за мажи и за жени. Калинката веќе важи за овошје кое се употребува во алтернативната медицина, но веројатно сега ќе се закити со уште една титула – афродизијак.

Студијата вклучува 58 луѓе од 21 до 64 години. Пиењето на сок од калинки и јадење на калинки за само 7 дена довело до двојно зголемување на тестостеронот кој влијае на влакната на лицето, длабочината на гласот, како и зголемување на сексуалниот нагон.

Кај жените, освен зголемувањето на сексуалниот нагон, се зголемува еластичноста на коските, како и квалитетот на мускулните влакна.

Исто така, научниците велат дека зголемениот тестостерон позитивно влијае на расположението и помнењето, намалувањето на стресот, нервозата и тремата.

Уште пред неколку години беа откриени и докажани придобивките кои доаѓаат од калинката. Таа е одличен антиоксиданс, помага во одбраната од срцеви заболувања и ја поттикнува циркулацијата.

Калинката се смета за овошје кое штити од некои видови на малигни заболувања, ги ублажува симптомите на остеоартритис, иритацијата на желудникот, дури и влијае на симптомите на конјуктивит, како и намалување на крвниот притисок.

- Реклама -