Мимоза беше во шок зошто веќе прскав, беше премногу доцна за да ме тргне на страна и само панично на радовишки ми кажа: „Немој на косата, фенирана ми е!!!“.
Пишува: Dick Major
“Dear Petar, Congratulations! In recognition of your exceptional academic and extracurricular achievements, you have been selected from a very competitive group of candidates…”, вака започнува меилот, па и писмото кое пристигна во Скопје малтене истата недела кога се вратив во Македонија, писмо во кое дознав дека сум примен во TCU Theater Department и тоа со академска стипендија и со паричен грант.
Сите по дома бевме среќни и радосни, но само јас бев дополнително збунет и несигурен за целата работа.
* * *
Скопје, во летото Господово илјада деветстотини деведесет и седмо, беше журка од сабајле до следното сабајле. Бевме релативно тазе независни и сé уште се возевме на Jуго-Eкспрес Возот “од Вардара до Триглава“. Слушавме сé уште добар Laibach, искачавме во ‘Зи-Зи Топ’ во Капиштец и во ‘Багдад Кафé’ во Безистен. Чаршијата беше панкерско собиралиште. По трафики се продаваа Алан Форд, Дилан Дог и Марти Мистерија на хрватски, младите сé уште претпочитаа да читаат оригинални српски изданија на Данило Киш – син на унгарски евреин и на црногорка, имавме дури неколку продавници за плочи, и сите напамет знаевме да ги рецитиравме ‘Топ Листа Надреалиста’, “Везилка“ на Мастер Блаже Конески и југословенската химна наместо македонската – тогаш сé уште по оправдана грешка.
* * *
Бев на концерт на Архангел во Куршумли-ан ноќта пред да го добијам судбоносното писмо од Тексас, потоа отидов во Зи-Зи и се вратив дома кога се разденуваше.
^ Можеби еден од најдобрите текстови за песна ИКАДА! [Како и “Војна“, исто така од Ристо Вртев. (поздрав до Трендо)]
Лежев во детска, во мојата соба која само до претходната година дена ја делев со сестра ми. Низ старите истрошени ролетни се провлекуваше раното утринско сонце додека сé уште со затворени очи, на раката можев да ги почувствувам големите полни гради на Мимоза која спиеше до мене на отворениот футон. Од другата страна на вратата го чув рапавиот глас на мајка ми додека зборуваше на телефон, додека се моташе низ ходникот пред мојата соба за да ми даде до знаење дека е време да станам.
„Буди го!“, го чув гласот на татко ми од дневната откако повторно почнав да тонам во сон, сега со главата спокојно доподнаместена на меките гради на Мимоза која ја собрав од Зи-Зи во пет и нешто сабајле. Мимоза беше шанкерка таму и ӣ го удрив меракот уште во девеесет и четврта кога почнав да искачам во тоа легендарно место.
Пред да заминам в туѓина во девеесет и шеста, цели две години, секои петок и сабота навечер ја освајав Мимоза со мојата поезија зошто беше точно седум години постара од мене и ми беше толкав предизвик што и нејзиниот рурален источно-македонски акцент ми звучеше како француска шансона. Ама нема везе, женската стварно беше бонбона.
Строгиот остар глас на татко ми ја разбуди и неа. Мимоза се штрецна и се ококори зошто не беше ни свесна дека заспала кај мене со моите веднаш од другата страна на вратата и тоа во нашиот скромен дом, од 67 метри квадратни.
„А косава? Ш’о да-правам со косава???“, полуразбудено ме праша алудирајќи на малиот инцидент што ни се случи некаде околу седум саат сабајле…
Како што почна да се разденува и кога дојдовме кај мене у соба, веднаш почна јебачина. Немаше заебанција. Се “сакавме“ како спобудалени, а пошто бев џентлмен кој ӣ удоволи со дури два орално предизвикани оргазми, Мимоза ми дозволи да го извадам глупавиот куртон, и ме замоли да извлечам и да свршам на неа кога ќе ми дојдеше редот. Да не заборавиме дека имав тазе 19 па во мојот сé уште тинејџерски разум, “да свршам на неа“ значеше исто што и во порното – да ӣ прснам на лице, да ӣ удоволам со еден “facial“, што би рекле во категориите на pornhub.ком.
Идиот!
Ја извадив непотребната гума која крајно наивно никогаш не ја поштуев, продолжив да дупам уште за кратко, се напалив и како што бев наместен бочно во макази и врз неа, го извадив mini-me и веднаш почнав да ӣ циљам на лицето. Мимоза беше во шок зошто веќе прскав, беше премногу доцна за да ме тргне на страна и само панично на радовишки ми кажа: „Немој на косата, фенирана ми е!!!“. Али јебига, понесен од екстатичната атмосфера набилдана од години фантазирање за Мимоза, шприцнав само малку подалеку и ја направив бербат, врз косата и врз црниот размачкан креон.
^ (Image censored by editor Јоле.)
Лежевме на креветот додека пушевме цигара и Мимоза скокотливо ме закачаше зошто сега морала да си ја мие косата. „Имаш фен?“, ме праша и се успокои кога ӣ кажав дека имам сé што ӣ треба за да си направи фризура, „Дури имам и ‘фигаро’ од мајка ми“, досетливо ӣ вратив.
Десетина минути подоцна заспавме и двајцата.
„Буди го Меги!“, повторно го чув татко ми кога повторно и веќе нетрпeливо ӣ довика на мајка ми. Очигледно го беше заболело уво за моите романтични екскурзии низ фенираните и пеглани коси на руралните Македонки. Чувме тропање на вратата, Мимоза панично се покри преку главата, и пред да успеам да викнам да не влегува – во собата влезе мајка ми. Широко ги отворив очите и ӣ климнав со главата за да ӣ дадам до знаење дека не сум сам. Мајка ми прошара со погледот и ги виде стапалата на Мимоза кои скроз очигледно и крајно несмасно ѕиркаа од под тенката помаранџеста фротирка која и ден денеска ја користам.
„Зове те тата, буди се и дођи у дневну, стигло ти је писмо из Тексаса“, ми кажа мајка ми и ми се насмеа шашаво во нејзиниот феноменален и прекрасно шармантен словенечки манир.
За жал, и покрај долгите години поминати во Скопје, Мимоза беше премногу од дивиот далечен исток на татковината за да биде разумна, најнормално да отиде во купатило, да си се среди и да се исфенира, и да дојде да испие кафенце со мене и со моите во дневна. Девојката се пресрами од целата ситуација, се облече набрзина во тесниот минич што го носеше претходната ноќ, и како да одеше по јајца од еребица, си отиде од кај мене како некаква преебана очерупана ороспенда, со засушена сперма на шишките и размачкан црн креон околу очите.
Навлеков едни ефтини кинески боксерици со некаков безвезен дезен со коцкасти турски броеници и отидов во дневната. Ме дочека насмеаното лице на човекот кој никогаш не се смее. Татко ми веќе го беше отворил писмото и само ми кажа дека сум примен на факултет во Тексас. Ми кажа дека треба да сум таму порано, на крајот на Август. Не ме ни праша дали сакам да одам, како тоа да се подразбираше, а по тажниот поглед на мајка ми, жената која никогаш не беше тажна, знаев дека не смеам да кажам ‘не’ ни случајно. Можеби требаше да паднам некој предмет претходната учебна година и така да го зацементирам фактот дека никој нема да ме прими никаде со стипендија, не па плус и со грант!
Но, и покрај сите помешани емоции, сепак бев некако чудно среќен што ќе се вратам назад за да продолжам да го сонувам големиот американскиот сон.
Нешто помалку од два месеци подоцна, повторно летав за Америка. Заспав уште на полетување од Амстердам и после девет-десет саати се разбудив во комплетно безсознание во Тексас.
Days Inn Motel
Излегов од авион и влегов во третиот, или можеби вториот најголем аеродром во светот во тоа време – Dallas/Fort Worth International Airport. Веднаш го почувствував веќе препознатливиот загасит густ мирис на климатизираната американска машина за мелење месо.
Пристигнав во “The Lone Star State”, Државата Осамена Ѕвезда – Тексас.
Чекав да си го земам куферот, но во еден момент, отакако сите други патници од мојот лет си заминаа и откако прекина да врти светкавата алуминиумска гасеница за багаж, беше само очигледно дека ми го нема големиот црн куфер.
Hello; Hi there, и после пола саат телефонирање и проверување во системот, од “Lost and Found” ми кажаа дека багажот воопшто не ни полетал од аеродромот што години подоцна велинченствено и во крајно грчки манир го прекрстија во Александар Велики.
„И сега?“, ги прашав.
„И сега, you’ll have to wait for the next connecting flight фром Скопџе to get your belongings Sir“, културно ми кажа очигледно-геј дечкото од другата страна на шалтерот и сфатив дека најверојатно ќе мора да перам гаќи на рака.
„When is that?“, го прашав, типчето со залижана коса и супер-дискретна пудра под очите, кој после дополнителни десетина минути телефонирање ми одговори: „За точно недела дена Господине“.
А фак ит!, си помислив на амерички, му се заблагодарив на пристојното педерче и излегов надвор.
После имиграционо и царинско, во лобито за пречек ме чекаше еден помлад пријател на вујко ми кој живееше во Далас, дечко кој веќе ми имаше резервирано соба во еден ефтин мотел блиску до универзитетот, интервентен и привремен смештај пред да можам да почнам да живеам во едниот од студентските дорматоруими.
Ме однесе таму и си замина позади првата кривина…
* * *
На рецепцијата во мотелот ме чекираше еден набилдан проќелав и просед тамнопут мустаќлија во своите доцни пеесети кој и по акцентот очигледно беше некаде од средниот исток. Му платив 84 долари за четири ноќи, се сеќавам. Ми даде клуч од собата и ми кажа „If you need anything call me, my name is Hassan”.
Пристигнувајќи од Вукојебина Вечна© ко што е Македонија и ден денеска, морав да дојдам во Форт Ворт четири дена пред да отвори универзитетот зошто следниот connecting flight фром Скопџе, за да стигнам а да не задоцнам за официјалниот почеток на школската година, во тоа време, беше или четири дена порано или три дена подоцна. Татко ми инсистираше да не доцнам, па ми купи авионска карта и преку вујко ми и неговиот пријател ми резервираа соба за тие четири дена во најгрозниот ланец на мотели во Америка – Days Inn. Проверете го, тоа е од оние најмизерни последни познати престојувалишта на наоружани пљачкаши, хардкор џанаци, убијци и избегани затвореници; Само чекаш да најдеш мртва курва под креветот или заборавен абортиран фетус во ве-це шољата за за да го оправдаш неописивиот мирис на неподносливиот престој во ужасот наречен Days Inn.
Али, бев млад и бев гад, и не ми сметаше одвратноста на жолто-сивата соба со дупли кревет, педантно наместен со правлив и избледен зеленкаст прекривач на кој сигурно ја залегнал и фамозниот сериски убиец Хенри Ли Лукас некаде на самиот почеток на осумдесетите додека поминувал низ југот на Америка со партнерот Отис Тул.
Гaрант се ебеле тука животните, си помислив кога ми текна дека парот што убил стотици луѓе всушност биле во хомосексуална врска за време на нивниот уметничко-убилачки après moi, le déluge* (*после мене, потоп).
Следното сабајле се разбудив рано, во комплетно бунило предизвикано од џетлегот од временската разлика од седум саата. Ме зашеметуваше спарното утро надополнето со репетитивното зуечко верглање на расипаниот еркондишн кој уствари дуваше топол и влажен воздух од надвор, и кој единствено ја разбуркуваше ситната гнасна прашина насекаде низ собата и околу мене.
Сонцето сјае некако посилно во Тексас, навистина е така. И кога сјае – сјае како што и би претпоставиле, интензивно, заслепувачки и како прегреана златно-бакарна тепсија на небото. Сé ме чешаше, сé нешто ми се прилепуваше на кожата, ме мачеше густата пот која полека ми се цедеше врз лицето и ми ги печеше очите, ми се гадеше, сé нешто ме јадеше некоја јанѕа…
Се потев, се потев и најмногу ме чешаа гаќите кои си ги облеков уште во Скопје скоро два дена порано. Иако немав нешто многу пари, сепак, татко ми – Јоргован-Големиот, ми даде екстра двеста долари “за секој случај“ кои веќе во авион си планирав да ги потрошам на блуд и разврат. Но, грозното чешаво чувство во пазувите и околу газот ми предизвикуваше немир и паника. Колку и да се туширав, не можев а да не се чувствувам како гнаса откако ќе ги облечев единствените (прљави) гаќи што ги имав.
Нема простор за блуд и разврат, дополнителните пари мора да бидат потрошени рационално и паметно, гласно ми довика потсвеста!
Излегов од собата и стигнав до рецепцијата каде го начекав Хасан кој сé уште беше таму и сé уште си ги виткаше долгите густи мустаќи додека читаше весник, додека си играше со чкорче помеѓу забите, додека пушеше цигара. Му објаснив што ми е маката и ме упати кон еден мини шопинг центар само стотина метри погоре по високото брдо, позади кое беше универзитетот кој не се гледаше од високите дрвја на зоолошката градина која беше скоро прилепена за мотелот.
Си купив девет пара гаќи, едни бермуди и едни фармерки од GAP®, две маици од некоја no-name продавница, една скапа бела ленена кошула и еден каиш од Banana Republic®, и шест Beck’s-а® од бензинската каде, г’злачки за мене, не ми побараа лична карта (а треба да имаш дваесет и една за да купиш алкохол во Америка!). И покрај големиот цех кој го платив заради задоцнетиот багаж, сепак ми остана ситно за блуд и разврат и се заседнав и се подначукав со Beck’s-от на една осамена клупа. Потоа, најтуристички се протетеравив низ зоолошката за да ги видам носорозите и се вратив во мотелот дури на зајдисонце.
Хасан сé уште беше таму, сé уште пушеше цигара со заглавено чкорче помеѓу забите, но сега беше во друштво на своите тројца млади, стројни, и војнички послушни синови на кои им го откриваше патот до големиот американски сон: „За Америка ви требаат мускули“, и си ги флексна широките бицепси, „За Америка ви треба шарм“, и си ги подзасука густите црни мустаќи, „За Америка секогаш ви треба нешто екстра“, драматично го извади чкорчето од устата кое веднаш го штракна од шанкот пред рецепцијата на која имаше знак “Забрането Пушење“, и си запали нова цигара додека старата сé уште му чадеше од устата, „That’s the key to success in America“, им поентираше на трите сина ко за крај.
Се приближив само малку поблиску и Хасан ме примети од крајот на окото, се сврте кон мене, искриви една широка насмевка со две запалени цигари во устата и најамерички ме праша: „How may I help you Sir?“.
„Room 237, please. I need my key.“, му одговорив како да го прашувам.
Room 237
Се фрлив на креветот во собата чиј број ми беше познат од некаде. Two three seven, two three seven, ми одѕвонуваа зборовите во ушите, онака како што му ги кажав на Хасан кога му го побарав клучот, додека ме одмеруваа неговите синови кои делуваа како да беа десетина години постари од мене.
* * *
Неколку дена подоцна открив дека Хасан беше учен човек некаде од Пакистан кој дошол во Америка на инсистирање на татко му кој со години бил политички затвореник во истокот на државата. Хасан уствари дошол во Тексас на студентска виза и со полна стипендија, но се оженил со Турчинка со американски пасош на која по кратка постапка и во времетраење од само пет години ӣ направил три сина и така набрзина станал натурализиран Американец. Жена му починала од пост-породилни компликации брзо откако го родила третото дете и Хасан одлучил да отвори мотел за да може да работи и да живее на истата локација, за да може самиот да си ги изгледа трите сина во духот на учењата на Куранот.
Неговата животна приказна, и начионот на кој набрзина ми ја исчади низ цигарата, ми остави длабок впечаток веднаш откако ја чув дента кога си заминував од мотелот. Но, сега скоро дваесет години подоцна, имам уште подлабоки мисли за тажната судбина на Хасан и неговото семејство, посебно после тоа што се случи скоро пет години откако ја чув приказната и откако ја раскажаа на локални вести во Тексас, па и на национално ниво на CNN во 2002-ра. (Но, за тоа повеќе во седма сезона од мемоариве – претпоследна сезона, ако сум жив и здрав и ако не се навлечам повторно на некое тешко срање, ма-да не би требало.)
(Заеби тој муабет, да не го повикуваме ѓаволот.)
Идеме даље:
Room two three seven please, повторно ми се свртеа броевите низ алгоритамот низ главата…
Го уклучив телевизорот и пуштив вести на кои верглаа за штотуку изречената смртна пресуда за Тимоти Мегвеи, фамозниот американски (домашен) терорист одговорен за грозоморот популарно наречен “Oklahoma City Bombing“ кој се случи на 19 Април ‘95та, само една година пред да пристигнам во Оклахома Сити и самиот:
“168 мртви помеѓу кои 3 бремени жени и 19 деца, 680 повредени, 324 уништени или оштетени згради во радиус од 2,5 километри, кратер длабок 2,3 и широк 9 метри, создаден од бомбата од 2,2 тона амониум нитрат, нитрометан и дизел гориво.“, повторуваа на сите можни вести за да ја оправдаат смртната казна која секако му следуваше на Тимоти.
Room two three seven; Two three seven, не можев да прекинам да ги повторувам броевите во главата… Ми стануваше жешко, многу жешко, two three seven, и како што тргнав да го упалам еркондишнот ми текна дека гомното е расипано. Се изнервирав, си ги навлеков патиките и отидов да побарам да ми дадат друга соба или да ја поправат климата зошто Тексас е накако побезмилосно потопол навечер.
„Мy air-conditioning is broken.“, отидов до рецепцијата.
„Мy air-conditioning is broken.“, му се обратив на Хасан.
„Room two three seven, right? There is something wrong with that room all the time”, ми врати Хасан додека палеше цигара од цигара. Крена телефон, прозборе нешто на пунџаби, спушти слушалка и ме праша:
„Од каде си?“.
Му одговорив дека сум Македонец, и поведен од претходните искуства во Америка, веднаш помислив дека ќе треба да се објаснувам дека доаѓам некаде таму од Библијата.
„Македонец!? Од каде, од Скопје!? Што бара еден млад Македонец во Тексас?“, веднаш ме праша како да ми го познаваше животното стебло уште од Пердика Први, кој ги обединил македонските племиња, па сé до татко ми кој гарант влече потекло од кое и да е племето што дотичниот Пердика го обединил со кого било, а што живееле на територијата на денешен Прилеп пред повеќе од два ипол милениума.
Почнав да му се пувам за тоа дека сум добил пуна стипендија на TCU, универзитетот кој беше само тристотини метри погоре и позади брдото, кога дојде едниот од неговите три сина. Хасан ме прекина сред реченица, го погледна исплашениот копиљ и му кажа нешто што заврши на англиски со зборовите “two three seven“. Иако не го разбирав што му зборува, сфатив дека син му се извинува и скоро и да почна да плаче кога Хасан го прекина сред збор и му учука една тешка шамарчина со раката во која држеше запалена цигара помеѓу прстите. Се разлетаа мали жарчиња насекаде, и син му послушно и со главата наведната до земја замина набрзина. Хасан го извади чкорчето од устата, луто и отсечно го штракна од ѕвончето на рецепцијата “динг“, и си запали нова цигара.
Го прашав дали смеам да запалам и самиот додека чекав во удобно климатизираната рецепција, на што Хасан строго ми одговори “Не!“ и ми укажа на знакот “Забрането Пушење“.
Никогаш не сум имал трпение за такви арогантни шизици и во минатото имав обичај да ги предизвикувам од чисто задоволство, но, и покрај тоа што бев дополнително крајно спизден од еркодишнот кој не ми работеше во собата 237 која беше гнасна како што веројатно само била куќарката на вештерката од “Ивица и Марица“, апсолутно нe бев спремен да го провоцирам есхол Хасан. Морав да се исконтролирам за да не ме депортираат назад пред да ми стигне куферот така што си ги стиснав забите, срамежливо земав воздух и климнав со главата во Карпош-4-стилот “Не ме знаеш брат…“, за да, крајно несигурен во себе, му дадам до знаење дека имам молскавица во едната и гром во другата рака. Се разбира, Хасан не изреагира.
Искочив надвор во црната спарна ноќ, се потпрев на еден стар Бјуик и запалив цигара додека син му ми го поправеше расипаниот еркодишн.
* * *
Следните два дена ги поминав во, конечно, климатизираната соба 237. Излегував периодично до мини шопинг центарот за да јадам нешто и до бензинската да си купам цигари, кока-кола и чоколадни колачиња од кикирики. Пиво веќе не можев да купам откако една друга вработена на бензинската ме провали дека сум копиљ кога ме замоли да ӣ покажам лична карта која “случајно“ не ја носев со себе.
Секој пат кога ќе поминев пред рецепцијата на мотелот го гледав Хасан.
Kако човекот да не спиеше, беше таму од утро до вечер и повторно го гледав следното утро. Само последниот ден, рано сабајлето кога нетрпеливо веќе заминував за да се сместам на универзитетот, го видов Хасан кога излегуваше од едната од мотелските соби со едниот од синовите кој се дооблекуваше…
Дојдов до рецепцијата за да ги вратам клучевите и Хасан го прати син му да ја провери собата пред да ме отчекира. Во позадина, на радиото одеа вести за ултра-десничарските мотиви на Тимоти Мегвеи да испоутепа стотици луѓе, жени и деца. Ужас.
Кај кур се вратив!?
Додека го чекавме да се врати син му, Хасан запали цигара и низ чадот кој полека му искачаше од устата и низ ноздрвите, почна да ми раскажува како стигнал во Америка во ‘65та кога имал дваесет и пет:
„You see, I got here from Pakistan back in 1965 when I was twenty five. I was a post-graduate electrical engineering student at TCU, but I never got further than a few hundred yards downhill. I got married, the boys were born soon after, and we’ve been living at the motel ever since my wife died”, ми кажа додека гледаше во правецот на стрмното брдо и универзитетот од другата страна. Зборовите му се тркалаа од устата поспоро и од чадот од цигарата кој едвај му се тегнеше од носот и од устата, звучеше меланхолично и разочарано до зла Бога. Потоа, направи една долга пауза…
Помислив да кажам нешто, да го прашам Зошто Days Inn?, но сепак ни самиот не реков ништо. Хасан зема три последователни дима од цигарата и продолжи како да ми ги прочита мислите, „But we like it here at ‘Days Inn’, its good business. The poor always have the most money to spend”.
Се врати син му и му климна со главата дека сé е во ред со соба 237. Хасан ми се насмеа и ме испрати, „Good luck my Macedonian friend. If you ever need anything – now you know where to find me”.
Му се заблагодарив, си го префрлив ранецот преку рамото и тргнав угоре по брдото, додека во ушите ми одѕвуваа зборовите two three seven, додека ме печеше големата и осамена златно-бакарна тепсија на небото.