Sex Pistols го реиздаваат Pretty Vacant за 35-от роденден

Легендарните британски панкери Sex Pistols по повод 35-годишнината од своето постоење, ќе го реиздадат синглот Pretty Vacant, што бендот го објави во далечната 1977 година.

Лимитираната верзија на Pretty Vacant ќе биде реиздадена на истиот ден кога изворната песна оригинално се појави, 2 јули.

Pretty Vacant e трет сингл на Sex Pistols, по Anarchy In The UK и God Save The Queen, а само четири недели по официјалното пуштање во продажба, синглот се искачи на 6. место на британската топ-листа со синглови.

Бендот досега два пати ја реиздаде оваа нумеа, прво во 1992 година и потоа  во 2007 година, а во 1996 година тие промовираа и концертна верзија, пишува NME.

{youtube}fb2iBoQNjJ8{/youtube}

- Реклама -