Шевролет го потврди лансирањето на SS

Гласини за појава на нов седан од Шевролет има веќе некое време, но сега американската компанија официјално потврди дека има намери да го стори тоа наскоро.

Автомобилот со пренос на задните тркала ќе се најде во сериско производство кон крајот на 2013 година, а пред тоа ќе го видиме во тркачка верзија, која ќе учествува во трката Daytona 500 од серијата NASCAR Sprint Cup.

Како што се очекуваше, под капакот на новиот SS ќе има V8 мотор со зафатнина од 6,2 литри, кој има моќност од 432 КС и 569 Nm вртежен момент. Всушност, тоа ќе биде преработена верзија на австралискиот седан Holden Commodore, кој се произведува од General Motors.

Шевролет веќе 17 години нема понудено седан со заедн погон на пазарот во САД. „SS е прекрасен пример за тоа како General Motors може да создаде глобален производ со уникатни карактеристики, кој освен на писта, ќе може да се вози и на патиштата. „Едвај чекам да седнам зад воланот на овој автомобил“, истакна претседателот на северната филијала на GM, Марк Реус.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -