Популарната хрватска пејачка многу добро знае како да го привлече вниманието…
Пејачката Северина отпатува за Минхен каде одржa настап во живо, а фановите на Инстаграм ги почестила и со нова фотка.
И додека пред неколку дена позираше гола во кревет покриена само со чаршав, овој пат предизвикува воздишки во мрежасто трико кое го открива нејзиниот стегнат задник.
Дека воопшто не е срамежлива, 42-годишната Северина по којзнае кој пат го покажа својот сексапил, кој секако знае добро да го покаже.
По настапот објавила повторно фотографија на Фејсбук заблагодарувајќи се на своите фанови.