Уште еднаш, на Олд Трафорд во Манчестер, се одржа добротворниот фудбалски меч Soccer Aid, на кој веќе традиционално играат Англија против остатокот од светот, во состав фудбалски легенди и други славни личности.
Овогодинешниот Soccer Aid натпревар веројатно најмногу ќе биде запамтен по фактот што славниот телевизиски готвач, Гордон Ремзи, беше буквално збришан од теренот, од легендата на Манчестер Јунајтед, Теди Шерингам.
{youtube}HXPJ5Hor1qY{/youtube}
Тимот на Ремзи на крајот го загуби мечот, а не им помогнаа ниту вештините на Вуди Харлсон, Едвард Нортон, Вил Ферел, Џерард Батлер и Мајк Маерс. Натпреварот што се игра за собирање средства за УНИЦЕФ, го доби селекцијата на Англија, со убедливи 3:1, иако „гостинскиот“ тим прв поведе, со уште еден, којзнае кој по ред, успешен лоб на Дејвид Симан.
{youtube}-iNNdIypnIM{/youtube}