Серија А: Гостински победи на Јувентус и Милан


Фудбалерите на Јувентус скокнаа на второто место на табелата на италијанскиот шампионат со победата од 2:0 (2:0) на гости кај Удинезе во натпреварот од 11. коло.

Торинскиот тим дојде до голема предност во првото полувреме кога топката се одби од стативата во две за нив поволни ситуации. Во 19. минута Турам по убав продор шутираше, а топката од стативата се одби во грбот на домашниот голман Окоје, а потоа и во мрежата. Вториот гол го постигна Савона во 37. минута, кој најдобро реагираше на одбиена топка од стативата по ударот на Јилдиз.

Јувентус сега има 21 бод, како и Интер, но миланскиот тим одигра еден натпревар помалку, додека за лидерот Наполи, кој исто така има меч помалку, заостанува четири бода со исто така меч помалку. Удинезе е седми со 16 бодови.

Во последниот натпревар од саботната програма од 11. коло на италијанскиот шампионат, фудбалерите на Милан како гости ја победија Монца со 1:0 (1:0).

Откако домашните не искористија три-четири стопроцентни шанси во првото полувреме, а еден гол беше неоправдано поништен поради наводен прекршок во нападот, казната дојде во 43. минута кога Рајндерс со голема доза на среќа ја затресе нивната мрежа.

Со оваа победа Милан стигна до седмото место со 17 бодови, додека Монца остана 17-та со осум.

Во првиот натпревар од саботната програма Болоња со голот на Орсолини во 85. минута впиша домашна победа над Лече. Болоња моментално е деветта со 15 бодови, а Лече остана претпоследен 19-ти со 8 бодови.

Недела:
Наполи – Аталанта
Торино – Фиорентина
Верона – Рома
Интер – Венеција

Понеделник:
Емполи – Комо
Парма – Џенова
Лацио – Каљари

- Реклама -