Серија А го воведува полуавтоматскиот офсајд уште од јануари

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека уште на почетокот од 2023 година ќе го воведе полуавтоматскиот офсајд во Серија А.

Тоа е најновата технологија за офсајд која се користеше за време на Светското првенство во Катар. Се работи за најпрецизна технологија и која одзема помалку време за да се види дали некој фудбалер е во дозволена или недозволена ситуација.
 
Овој систем ќе почне да се користи во Серија А од следното коло кое ќе се игра во јануари.

- Реклама -