Македонската поп ѕвезда Тамара Тодевска вчера го одржа својот прв концерт во спортската сала „Борис Трајковски“.
Таа концертот го започна со песната „Тешко без тебе“ со која ја загреа публиката, а потоа се редеа големите хитови како „Тажна љубов среќна песна“, „Брод што тоне“ итн.
Покрај Даниел Кајмаковски, Врчак, Игор Џамбазов, ДНК и Влатко Илиевски, на сцената до Тамара застана и нејзиниот татко, како и саканата сестра Тијана со која изведоа многу хитови.
Концертот траеше цели три часа, а Тамара заедно со публиката ги пееја новите и старите хитови кои се создадени во текот на нејзината 15 годишна кариера.