Селтик по 54-ти пат во историјата шампион на Шкотска


Во претпоследното коло од овосезонскиот шампионат на Шкотска, фудбалерите на Селтик си обезбедија нова шампионска титула откако славеа на гости кај Килмарнок со 5:0.

Пред последното првенствено коло Селтик има 90 бодови, а најголемиот ривал Ренџерс шест помалку.

Селтик е сѐ поблиску до големиот ривал Ренџерс на вечната листа. Моментално Ренџерс има 55 титули во лигата, а Селтик само една помалку. Во последните сезони, Селтик доминираше во шкотската Премиер лига. Ова му е трета шампионска титула во низа, а освои дванаесет од последните тринаесет титули.

По само 12 минути игра на гостувањето кај Килмарнок, Селтик имаше 2:0 по головите на Ајдахо и Маеда. Во првото полувреме стрелец беше Форест во 35. минута, додека О’Рајли постигна два гола во продолжението од дуелот за конечни 5:0.

- Реклама -