Селски компир во рерна

Компирот печен во рерна е највкусен, а сосот од павлака и лимон доаѓа како „шлаг на торта“.

Состојки:

1 кг. компири

3 лажици маслиново масло

сол

бибер

1/2 лимон

200 г. кисела павлака

1 лажичка мед

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тепсијата со хартија. Компирот измијте го и исушете. Ставете го во рерна и печете го околу 50 минути.

2. За шмек исцедете го прво лимонот и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус.

3. Кога ќе се олади, излупете ја кората само на врвот и внимателно со лажица направете дупка. Сипете сос во дупката и украсете со свеж магоднос. Сервирајте го топол.

Прочитајте и:  Црната пластика во кујната може да биде опасна за здравјето
- Реклама -