Селфито со Папата, Дунавка ќе го објавела во својата прва книга…

И покрај енормно непостоечкиот големиот интерес за селфито на Дунавка Трифуновска со Папата Франциск, таа реши да не го објавува и себично да го задржи за себе, барем до издавањето на нејзината прва книга – „Приказните од Ленинова“. Како што објасни Дунавка, во книгата, покрај самото селфи, ќе ги објави и останатите ексклузивни фотографии од настанот. Засега не открива дали во книгата подетално ќе објасни какви фраери биле телохранителите на Папата.

„Селфито со Папата како и останатите ексклузивни фотографии од настанот, секако нема да ги добиете – како ни изјавата.
Џабе трчате, се јавувате.

Ке бидат објавени наскоро во мојата прва книга
,,Приказните од Ленинова,,

Soon 😉……
А можев И тајно да го сретнам… 😉

Што би рекла Гога ,, За мене не важи Устав,,!

До догаш – сакам да Ве гледам како плачете после секој пораз – на press И на портали.
Избришете ги солзите.
Ќе одите на викенд во Будимпешта.
За утеха.
Бакнежи

На здравје кафе 😘 “, напиша Дунавка на својот Фејсбук профил.

 

- Реклама -