Самуел Малет Сениор, доминантниот водач на секта Амиши и 15 негови следбеници биле обвинети во четвртокот во Кливленд за федерален заговор и криминал на омраза.
Ова обвинение е резултат на серија бизарни бричења минатата есен во заедницата на Амиши во источниот дел од Охајо. Обвинението на господин Малет и неколку негови роднини и луѓе од истата населба кои ги извршиле нападите би можело да донесе долги затворски казни.
Пресудата беше олеснување за федералниот обвинител кој донесе ризична одлука да искористи федерален закон од 2009 година против насилниот обид на сектата да ги засрами ривалите. Адвокатите на одбраната и независен законски експерт тврделе дека владата претерува со претварање на обична лична одмазда во затворена заедница во федерален криминал на омраза.
Но поротата го прифатила описот на случките како обид за напад на религиозната определба на жртвите, и ги обвиниле господин Малет и останатите обвинети за речиси сите обвиненија за заговор, криминал на омраза и попречување на спроведувањето на правдата.
Жртвите „едноставно сакале да ја практикуваат својата религија на свој начин во мир“ изјавил Стивен М. Детелбах, законски претставник на владата за Северната Област во Охајо, на прес конференција по објавувањето на пресудата. „Обвинетите влегле во нивните домови, физички ги нападнале и ги остржиле како животни“ додал господин Детелбах.