Сексуалната апатија на Јапонците може да предизвика нова светска економска криза

Во Јапонија владее сериозна сексуална апатија, а доказ е загриженоста на целата јапонска јавност. Нивните медиуми дури имаат и назив „Sekkusu shinai shokogun“ што во превод значи „синдром на целибат“. Природниот прираст на населението во Јапонија толку многу се намали во последните децении, што моментално е меѓу најниските во светот.

Но, како тоа може да се одрази на светската економија? Пред се, неверојатно нискиот наталитет ќе се одрази на јапонската финансиска безбедност. Се предвидува дека со ваквиот тренд, наскоро Јапонија ќе нема доволно бројна популација за да ја одржи својата економија. Тоа што Јапонија е една од економски најсилните земји во светот и евентуалниот пад на нивната финансиска сигурност би можеле да имаат сериозни негативни последици на светската економија.

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената

japan-850x400[1]

Падот на наталитетот во Јапонија не е последица на лоша пренатална грижа, ниту пак на висока смртност кај децата. Едноставно, таму луѓето просто не се заинтересирани за брак, деца, па ниту за излегување и секс без обврски. Многумина сметаат дека проблемот лежи во општествениот статус на јапонската жена, за која е претешко да има и семејство и кариера.

Страшно е колку што звучи. Истражувањата велат дека дури 45% од мажите и жените помеѓу 16 и 24 години изјавиле дека „не се заинтересирани или ги презираат сексуалните контакти“.

- Реклама -