Идеален спој за дневни и вечерни комбинации.
Без разлика дали одите на работа, факултет или на училиште, или пак да се подготвувате за вечерни излегувања, плетенката е секогаш одличен избор кога е фризурата во прашање.
Ако го направите овој секси спој на пунџа и плетенка, бидете сигурни дека сигурно ќе бидете забележани каде и да се појавите.
Оваа фризура е едноставно вистинската. Прво косата поделете ја на два дела и од едната страна издвоите три прамени. Од нив сплетете плетенка.
Потоа, остатокот од косата соберете го во разбушавена пунџа и прицврстете ја со шноли. За оваа ефектна фризура ќе ви бидат потребни само неколку минути, а истата изгледа волшебно.