Убавицата со титулата Мис Канзас доаѓа директно од воените редови.
Тереза Вејл оваа година ќе го претставува Канзас на натпреварот Мис Америка 2013.
Со убавото лице и прекрасното тело одговара на манекенските критериуми, но таа е многу повеќе од обична убавица.
Освен што за прв пат во историјата на овој натпревар ќе ги покаже нејзините две тетоважи, таа сигурно ќе побие и неколку стереотипи за русокосите.
На прашањето зошто сака да ги покаже тетоважите, таа одговара „Моја цел е да ги охрабрам жените да ги надминат стереотипите и да ги скршат бариерите. Би била лицемерна ако ги покријам тетоважите“.
Освен со атрактивниот изглед, Тереза може да се пофали и со воените вештини, познавање на кинескиот јазик, нуркање и бокс.
[youtube]http://youtu.be/g5UG4uCS574[/youtube]