Светски познатиот магазин „Sports Illustrated“ го најави летниот број на изданието посветено на секси костими за капење на начин кој не може да остане незабележан.
Традиционално, и овој пат страниците ќе ги краси прекрасен супермодел на чие голо тело ќе биде само исцртан костимот.
После сексипилните изданија на Erin Heatherton, Genevieve Morton, Rose Bertram и Hailey Clauson од изминатите години, за најновиот број одлуката падна на прекрасната Stephanie Bertram Rose.
Реалистичниот body-art кој се најде на нејзиното тело остава сосема малку на имагинацијата, но е сосема доволно за да се заклучи дека и оваа година списанието ќе има сосема успешна продажба.