Балансот е нешто што не е едноставно за постигнување – какви бои да комбинирате, колку сликовито е премногу светло, кога и колку кожа да покажете .
Од желба да изгледаат секси и заводливо многу жени ја преминуваат границата, постигнувајќи сосема спротивен ефект.
Вистината е дека машката имагинација сака да остане само испровоцирана со доза на мистерија, без да се покаже многу кожа и соодветно да се истакнат формите.
Во случаите кога се двоумите колку е дозволено да покажете, не заборавајте да се придржувате кон овие 5 едноставни правила и нема да згрешите.
Тесен фустан
Тоа се фустани кои не се премногу впиени, но ги следат облиците на телото. Освен црните фустани и оние со забавен мотив изгледаат раскошно. Одберете малку подолг фустан (до средината на коленото) и со повисоко деколте, за да ја направите визијата уште постилска, додека во исто време изгледате супер секси.
Покажете мал дел од стегнатиот стомак
Заборавете на ултра длабокото деколте. Заменете го со гола лента од стомакот. Аутфитот во два дела, кој ја открива голата кожа над папокот ќе го привлече вниманието, а особено среде студените денови еден таков аутфит ќе украде шоу. Не зборуваме за големо разголување – дури два прста ширина изгледа приивлечно.
Фустан што започнува да се шири од половината
Овој модел на фустани се со изразена половина и се шират од тој дел од телото, па надолу, што дава неверојатно женствена форма. Истакнувањето на половината секогаш е особено привлечно и секси, а како целина силуетата на овие фустани е многу женствена и драматична. Обично се со повисоко деколте, што создава прекрасен баланс.
Покажете секси нозе
Многу е важно правилото – или покажете деколте или покажете нозе, но не и двете истовремено! Ако дозволите деколтето и рамената да бидат покриени, оставете простор за пократок фустан или здолниште. Високите потпетици ќе создадат дополнителен ефект.
Покажете ги рамената
Многу поверојатно е да се чувствувате секси и заводливо, кога сте ги покажале голите рамена, отколку кога сите гледаат во вашите пазуви. Фустаните и блузи кои паѓаат елегантно настрана и откриваат нежни раменици како целина имаат женствен и деликатен ефект, затоа не двоумете се, ако сакате да изгледате ултра сексапилни и во исто време многу елегантно.