Секс видео со Супермен?!

Супермен Точно! Супермен има свое сопствено секс видео и тоа направено години и години пред Парис Хилтон да дознае што е тоа секс. Но, зошто на Супермен му било потребно вакво нешто? Зарем му биле потребни пари за одржување на тврдината на осаменоста? Не! Заслугите одат кај еден речиси анонимен човек….


Точно! Супермен има свое сопствено секс видео и тоа направено години и години пред Парис Хилтон да дознае што е тоа секс. Но, зошто на Супермен му било потребно вакво нешто? Зарем му биле потребни пари за одржување на тврдината на осаменоста? Не! Заслугите одат кај еден речиси анонимен човек….

СуперменЧовекот на левата страна од сликата, кој е облечен како Индијана Џонс за маскенбал, се вика Слиз. Употребувајќи некоја чудна суперсила која ви дозволува да правите такви нешта, успеа да им ги испере мозоците на Големата Барда и Супермен. Е сега, откако успеа да го стори тоа, наместо да ги натера да го покорат светот во негово име или пак да ги убијат сите останати суперхерои, едноставно посака да имаат секс, а тој да го сними чинот. Но, зарем некој од нас би постапил поинаку?

Слиз е член на пантеонот на нови вселенски богови во универзумот на DC Comics. Најдобар пријател му е Темниот Волшебник кој е бог на злото, додека Слиз е бог на порнографијата. Пресвртот во оваа приказна доаѓа кога Темниот Волшебник го брка Слиз, затоа што е премногу засрамен да го гледаат во негово друштво. Тогаш, Слиз потполно се посветува на нештата сврзани со неговото најценето дело – секс видеото со Супермен.

Откако истото е снимено, по пост-продукцијата, Слиз го пушта низ порнотеките низ Америка. Но, во тој момент, Темниот Волшебник наоѓа копија од порно филмот, поради фактот што има агенти на Земјата чија една и единствена задача е да наоѓаат компромитирачки порно материјали (ова не е шега, ова навистина го има во приказната). И како и секој принц на злото, го прави единственото логично, злобно нешто што може да ви падне на памет – лентата му ја покажал на сопругот на Големата Барда – Господин Чудо!

СуперменНормално, Господин Чудо е присилен да види со сопствени очи како неговата жена го има најдобриот секс во нејзиниот живот со Супермен. Како што и се очекува, Господин Чудо набрзина го наоѓа студиото на Слиз, ја запленува оригиналната снимка и го спречува излегувањето на материјалот на PornTube.

Истовремено, и Супермен се вклучува во потерата. Тој го притеснува Слиз во канализацијата и го става пред незгоден избор – живот во затвор без порно или смрт. За наша среќа, го одбира самоубиството и му става крај на порното во стриповите. Славна или неславна смрт – одлучете сами!

Супермен Точно! Супермен има свое сопствено секс видео и тоа направено години и години пред Парис Хилтон да дознае што е тоа секс. Но, зошто на Супермен му било потребно вакво нешто? Зарем му биле потребни пари за одржување на тврдината на осаменоста? Не! Заслугите одат кај еден речиси анонимен човек…. Супермен
- Реклама -