Речиси без исклучок, лекарите им препишуваат секс пред спиење на луѓето кои имаат потешкотии при заспивање или проблеми со спиењето.
Недоволниот и неквалитетниот сон е причина за појава на многу болести. Недоволниот сон може да предизвика пад на имунитетот, а со тоа и зголемен ризик од многу модерни болести. Живееме во ера во која стилот на живеење налага кратко спиење, а според истражувачите едвај 20 % од светското население спие по 8 часа дневно.
Сексот пред спиење го изморува телото, но и по сексот организмот лачи хормони кои го релаксираат телото и полека го успиваат, што е особено е видливо кај мажите. Сепак, мора да нагласиме дека некои лекари го препорачуваат сексот пред спиење, но не го препорачуваат делењето на ист кревет со партнерот кај лица што имаат проблеми со спиењето.
Научниците нагласуваат и дека доколку сте сам во постела ќе имате многу помирен и поквалитетен сон. Па ако можете успешно да ги искомбинирате овие две, тогаш сигурно нема да имате проблеми со сонот – низ шега додаваат научниците.
Објавено во соработка со За Здравје.