Секс-роботите доаѓаат. Наскоро докторите ќе можат да започнат со препишување на оргазам како лек, бидејќи оргазмот – особено хормоните кои доаѓаат со него – е одличен за менталното и физичко здравје.
Според доктор Дејвид Леви, автор на новата книга Love and Sex with Robots, верува дека до 2050 година овие роботи ќе бидат идентични на луѓето. Оргазмите го намалуваат стресот, несоницата, ризикот од срцев удар, мигрени, депресија, зависност, болки, менструални грчеви, тип-2 дијабетес, и многу други здраствени проблеми.
Доктор Мајкл Роизен основач на RealAge.com, чест гостин на Опра и претседател на Wellness Institute во Cleveland Clinic, тврди дека животот може да биде продолжен за 4-8 години со 350-700 оргазми годишно. Други студии тврдат дека 2-3 оргазми неделно можат да направат да изгледаме 7-12 години помладо.
При оргазам телото излачува голем број здрави хормони. Специјализираните секс-роботи со неисцрпна издржливост би можеле да ни овозможат поголеми оргазми кои ќе донесат поголеми бенефити. Луѓето кои сакаат да го продолжат својот живот јадат растителни влакна, вежбаат а зголемувањето на квантитетот на оргазми би бил уште еден валиден метод за продолжување на животот.