Полска компанија користи секс за продавање ковчези

Еден полски производител на ковчези ја налутил католичката црква откако почнал да создава календар во кои топлес модели позираат до нивните производи.

Во една од фотографиите на календарот за 2013 година русокос модел обвиен со питон седи на ковчег. Во друга жена со црвен корсет му го откорнува срцето на маж кој лежи на ковчег. „Идеајата за создавање на календарот беше на мојот син… за да покажеме нешто што ќе биде пола сериозно, шарено и убаво; убавината на полските девојки и убавината на нашите ковчези“ изјавил сопственикот на компанијата Збингиев Линднер.

„Сакавме да покажеме дкеа ковчегот не е религиозен симбол туку производ. Зошто луѓе се плашат од ковчези а не од деловни костуми, козметика или накит?“ Покрај тоа што привлече внимание за неговата компанија, календарот е дополнителен извор на профит. Календарите се продаваат преку вебсајтот на компанијата, а со секој купен календар се добива и приврзок за клучеви во форма на ковчег.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Католичката црква го осуди календарот како непристоен. Претставник на црквата дека смртта треба да биде третирана со почит и не смее да биде помешана со секс. Иако 93 проценти од Пољаците официјално се водат за католици, бројот на оние кои редовно ги посетуваат црквите опаѓа.

- Реклама -