Земете го метрото во рака и дознајте колку ќе живеете.
Имено, жената висока 1.60 метри би требало да има обем на половината од 80 сантиметри. Колку што е обемот на половината поголем во однос на висината, толку се скратува должината на животот.
Научниците собрале податоци од точно 300.000 луѓе, преку кои дошле до заклучок дека обемот на струкот би требало да изнесува половина од висината на човекот.
Мажот висок 180 сантиметри би требало да има обем на струкот околу 90 сантиметри, додека жената висока 160 сантиметри, би требало да има обем од околу 80 сантиметри.
Да објасниме, таквиот обем на струкот покажува дека шансите за заболување на кардиоваскуларниот систем се помали, затоа што наталожените масти во пределот на стомакот го зголемуваат ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок.
Како што истакнуваат истражувачите, доволни се 15 сантиметри поголем струк од просечниот за да ви се скратат 2 години живот.