Ја прекорија фолкерката дека не е соодветно да се фали што купила 11 пара чевли од познат бренд, а таа жестоко им одговори.
„Постојано сликате чевли и чанти, а некој нема ни за леб“, напишала извесна Милена на фолк ѕвездата Сека Алексиќ на Инстаграм, со што започна дебата дали пејачката греши што објавува такви слики.
Сека не бираше зборови, па на таа виртуелна пријателка и одговори: „Да, еве јас сум крива што некој нема леб да јаде! Ова е мој Инстаграм и ако сакам да ставам слика, ќе ставам! Кој те замара тебе?! Бегај будало од тука“.
Пејачката претходно објасни дека сè заработила со напорна работа, и дека е горда на себеси што излегла од сиромаштијата и што денес ужива во луксуз.
Инаку, очигледна е разликата од холивудските ѕвезди, кои немаат потреба да го демонтрираат своето богатство на социјалните мрежи, српските познати личности знаат многу да претераат во тоа.