До сега невидено! Прочитајте го љубовното писмо на Брус Ли до неговата свршеница

Легендарниот кунг-фу борец ги покажал своите емоции во писмо кое пред 50 години го испратил на својата идна сопруга Линда Емери.
Брус Ли стана легенда благодарение, пред се на своите кунг-фу вештини. Но, никогаш никој не би го поврзал со пишување на љубовни писма. Оваа страна на познатиот борец ја отрки неговата ќерка Шенон, која на страницата Фејсбук ја објавила следната содржина:

„Ова е писмо кое татко ми го напишал за мојата мајка на позадината на негова фотографија кога се забавувале. Тие двајца требало да се венчаат во август наредната година. Вчера би им била 50-годишнина.

Screenshot_13

– Линда, да се живее задоволен од малите нешта значи; да се бара елеганција повеќе од луксуз, и префинетост наместо мода, да се биде достоен, не почитуван, и да се биде богат, а не материјално богат; да се учи напорно, да се размислува тивко, да се зборува нежно, да се делува искрено; да се поднесе се весело, да се работи храбро, да се чекаат можностите, и никогаш да не се брза. Со други зборови, да се внесе духовното, спонтаното и несвесното да се развива преку заедничкото- Брус, 20 октомври 1963 година.“, стои во пораката што Брус Ли ја испратил на тогашната вереница, Линда Емери.

- Реклама -