Сега и кучињата сурфаат (видео)

Повеќе од педесетина кучиња од сите големини беа донесени на плажата во Сан Диего на еднодневен интензивен натпревар во сурфање. Настанот привлече околу стотина гледачи кои одлично се забавуваа во егзебициите што им ги приредија домашните миленичиња.

Овој интересен настан се одржува седма година по ред а официјалното име гласи “Leows Coronado Bey Resort Surf Dog Competition”. Популарноста што ја достигна натпреварот низ годините предизвика верижна реакција за содавање на слични турнири низ целиот свет.

Кучињата-сурфери се поделени во три категории: мали, големи и тандем. Судиите на ова натпреварување при оценувањето внимаваат посебно на дожината на обидот, како и на уметничкиот ефект што го прикажуваат при сурфањето.

{youtube}7bjR33bRHzU{/youtube}

 

- Реклама -