Научниците предупредуваат дека машкиот пол е во опасност како кaj луѓето така и во животинскиот свет. Нивните истражувања покажаа дека загадувањето влијае врз еволуцијата, такашто машкиот пол сè повеќе се феминизира под влијание на пестицидите и хемикалиите што се наоѓаат во амбалажите и козметичките производи.
Научниците предупредуваат дека машкиот пол е во опасност како кaj
луѓето така и во животинскиот свет. Нивните истражувања покажаа дека
загадувањето влијае врз еволуцијата, такашто машкиот пол сè повеќе се
феминизира под влијание на пестицидите и хемикалиите што се наоѓаат во
амбалажите и козметичките производи.
Едно неодамнешно истражување направено во САД покажа дека машките бебињата чии мајки биле изложени на веќе широко распространетите хемикалии во текот на бременоста се раѓаат со помали и феминизирани гениталии.
Животинскиот свет и луѓето последниве години се изложени на повеќе од 100.000 нови хемикалии, а Европската Комитет призна дека 99% од нив не се адекватно регулирани. Не постои дури ни соодветни информации за штетноста на 85% од нив.
Голем број од нив се идентификувани како „ендокрини нарушувачи“ бидејќи влијаат врз хормоните и половите карактеристики менувајќи ги. Такви се фталатите, кои се присутни во амбалажите за храна, козметичките и пудрите за бебиња, помеѓу другите нивни употреби како што се во средствата за одржување на мебелот и електронските направи, потоа PCB (Полихлоринат бифенил) – состојка што е забранета, но сè уште може да се најде присутна во храната и околината, и големиот број на пестициди.
Според истражувањата, мажјаците од сите класи на ‘рбетници (риби, амфибии, рептили, птици и цицачи) се под влијание на хемикалиите во животната средина. Феминизацијата на машкиот пол кај ‘рбетниците е очигледна и широко распространета. Сите ‘рбетници имаат слични рецептори на половите хормони, кои се зачувале во текот на еволуцијата, оттука, она што е забележано кај еден вид е показател на загрижувачкиот степен на влијанието на загадувањето и кај другите ‘рбетници, вклучително и кај човекот. [It’s official: Men really are the weaker sex]