Седумте смртни гревови, раскажани низ вести и црна хроника

Седумте смртни грева се честа тема во литературата, филмот и воопшто – уметноста, а бога ми, и во вестите.

maxresdefault[1]

Сладострастие: Кога желката Борис – домашно милениче, избегала низ оградата, очајните сопственици седнале да пребаруваат желкино порно на Youtube. Парењето на желките е проследено со неочекувано гласни и многу невообичаени звуци, а по сé изгледа и многу заводливи, затоа што Борис се вратил дома за кратко време откако го слушнал видеото.

Алчност: Една студентка од колеџот во Северна Каролина била уапсена заради користење на фалсификувани пари. Она што ја издало бил потписот на банкнотите. Според законот, на парата треба да се наоѓа потписот на секретарот на националниот трезор. Наместо тоа, парите биле потпишани со сленговски израз што значел „Повеќе Пари“.

Гнев: Еден крадец од Мајами Бич откинал огрлица од една туристка и се вдал во бегство. Бил уапсен откако се вратил за да ја искара жртвата бидејќи носела бижутерија.

Мрзеливост: Една жена од Британија му пратила СМС на слаткарот за да нарача торта за 21-от роденден на својата ќерка. Во пораката, побарала тортата да биде украсена со малечка блонди („blond“) фигура на девојка. Благодарение на  на autocorrect опцијата на телефонот и на мрзеливоста на жената да ја провери содржината на испратената порака, тортата пристигнала со малечка слепа („blind“) женска фигура.

Гордост: Еден крадец во бегство бил уапсен набргу откако ја лајкнал потерницата по него, објавена на Фејсбук страната на локалната полиција.

Завист: Двајца тинејџери од Хјустон налетале на својот спортски автомобил од соништата. Автомобилот му припаѓал на некој друг, но тоа не ги спречило во намерите – тинејџерите му впериле пиштол на сопственикот и го натерале да им ги предаде клучевите. Она што двајцата не го знаеле е дека тој модел на автомобил не се произведува со автоматски менувач. Со оглед на тоа што ниту еден од нив не знаел да се справи со рачниот менувач, полицијата немала многу проблеми да ги фати и уапси.

Ненаситност: Еден провалник влегол во куќа во Петалума, Калифорнија. Можел многу лесно да се извлече со грабежот, но наместо тоа тој решил да остане малку подолго и да си направи тостови. Тоа не е сé; кога сопственичката се вратила, крадецот дремел испружен на каучот.

- Реклама -