Седумдесетите се вратија на модниот трон

Без разлика дали одморот ќе го поминете на плажа или на асфалт, овие парчиња се најпопуларни, со оглед на тоа што стилот на 70-те години е најголем тренд за ова лето.

1. Панталони со принт

1

Овој модел е тоателен хит за летото 2015. Изберете мотив кој најмногу ви одговара, искомбинирајте го со едноставна кошула или маица и додадете минимално накит за да ја зачините облеката. Подгответени сте за акција од утро до мрак.

2. Ѕвонарки

2

3 4

Ѕвончестите панталони, но и блузите и фустаните кои се шират при падот, се еден од главните симболи на стилот на 70-те. Затоа барем едно од овие парчиња, оваа сезона, мора да најде место во вашиот гардеробер.

3. Фустан

5

Заштитен знак кога се во прашање фустаните се оние со А крој, кои без оглед што се стилска верзија на 70-те години, никогаш не излегува од мода. Искомбинирајте го со рамни сандали, римјанки и потпетици – што и да одлучите нема да згрешите.

4. Бохо додатоци

6

Додатоците во овој стил, како марами за глава, ќе го внесат гламурот на 70-те години вашиот дневен стил, а идеални се и за на плажа, за време на топлите денови.

8

- Реклама -