Седум совети за безбедно онлајн банкарство

Можете да се погрижите за многу банкарски задачи без воопшто да влезете во банка.

Само се логирате на веб-сајтот на банката за да го проверите салдото, да направите трансфер и други работи. Но внимавајте; се што можете да направите онлајн, сајбер-криминалците или крадците на идентитет се во можност да ги искористат во нивни цели. Онлајн банкарството е само погодно и за лошите момци како што е и за вас. Нив не им се потребни пиштоли, маски или брзи коли за бегство за да ја ограбат вашата онлајн сметка, потребна им е само пробиена лозинка. Овие совети од Kaspersky Internet Security можат да ви помогнат да ги заштитите вашите пари.

1. Користете силна лозинка. Доколку криминалец ја пробие или погоди вашата лозинка на онлајн банката, може да ја „исцеди“ целата ваша сметка. Ако можете да запамтите една силна лозинка, тоа нека биде вашата лозинка на онлајн банката.

2. Користете менаџер на лозинка. Веројатно имате повеќе онлајн сметки во различни банки. Наместо залудно да се обидувате да ги запамтите сите лозинки, обратете се за помош на менаџерот за лозинки. Најдобрите не само што ја чуваат вашата лозинка безбедна, туку ви помагаат да ги подобрите послабите лозинки во посилни, и со тоа побезбедни.

3. Овозможете два-фактора на потврдување на автентичноста. Проверете дали вашата банка поддржува два-фактора за проверка. Секој пат кога ќе се логирате, сајтот ви праќа код кој можете да го внесете со вашата лозинка, за побезбедно користење на сметката.

4. Користете виртуелна приватна мрежа. За најдобра безбедност, треба да ги избегнете онлајн банкарство кога сте поврзани на мрежа која не ја контролирате, како на пример од кафуле. Ако не можете да се воздржите, барем конектирајте се преку виртуелна приватна мрежа, како на пример CyberGhost и VPNBook.

5. Користете го вашиот план на податоци. Доколку вршите онлајн банкарски работи на вашиот телефон, имате степен на заштита вграден во истиот. Само исклучете го Wi-Fi и поврзете се користејќи ја вашата мобилен план на податоци (data plan). На овој начин е потешко за криминалците да „душкаат“ во вашите податоци во телефонот.

6. Побарајте помош. Дефинитивно треба да инсталирате безбедносен пакет за заштита од злоупотреби на лозинки и крадци како Тројанци. Кога го бирате вашиот пакет, барајте карактеристики специјално наменети за заштита на финансиски трансакции. Kaspersky Internet Security автоматски ги отвара финансиските сајтови во sandbox на вашиот прелистувач. Со тоа ги изолираат вашите финансиски трансакции од другите процеси на компјутерот.

7. Проверувајте ја често. Секогаш е можно и покрај сите најдобри напори, да бидете хакирани. Потсетете се да се логирате неколку пати неделно, или дневно, за да проверите неодамнешни активности. Колку побрзо откриете прекршување и пријавите во вашата банка, толку се подобри вашите шанси да ја вратите контролата на вашите пари.

- Реклама -